Фудбалерите на Лестер со пет бодови предност од Тотенхем и Арсенал и шест од Манчестер Сити го предводат орото во Премиер лигата.


„Лисиците“ моментално се наоѓаат на добар пат и по сите анализи од фудбалските експерти тие се најголеми кандидати за титулата сезонава.

Во случај да ја освојат титулата Џејмс Варди, Ријад Марез и останатите борци нема да добијат никаков бонус од клубот бидејќи во договорите потпишани нема таква клаузула.

Според англиските новинари, и самите фудбалери одбиле таков бонус со изјави дека ја живеат најдобрата бајка во спортот и од која по никоја цена не сакаат да се разбудат.

Сепак, наградите полека стигнуваат за играчите откако Варди потпиша нов договор со Лестер вреден два пати повеќе од стариот, а се очекува во најбрз можен рок и другите да стават потписи на побогататите договори.

OhridNews