– Согласно законот, како совет на општина го користиме правото да формираме паралелки со помал број ученици, односно каде имаме комбинирани паралелки да ги поделиме бидејќи не се рамноправни децата во комбинирана и паралека со соодветен број ученици . Како општина не сакаме ниту да размислуваме за опцијата затворање на одредени подрачни паралелки, што воедно е став и на ресорното министерство, вели раководителот на одделението за образование, култура, детска, здравствена и социјална заштита Серафим Наумовски.
Тој потенцира дека од страна на локалната самоуправа се прават напори за задржување на жителите во руралните средини и подобрување на условите за школување на нивните деца.
Советниците на денешната 51- ва седница, ги усвоија предлог- одлуките за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во Основните училишта во општина Охрид, како и за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ и ОУТУ „Ванчо Питошески“.










