Бразилскиот репрезентативец и член на Барселона, Нејмар даде свое јасно видување околу изборот за најдобар играч за оваа година.
Според Бразилецот фаворит за „Златната топка“ е Кристијано Роналдо кој со Реал Мадрид освои Лигата на Шампиони, а со португалската селекција ја покори Европа.
– Нема дилеми околу „Златната топка“, Роналдо ја заслужи комплетно. Тоа е логично бидејќи тој го водеше Реал Мадрид до титула во ЛШ, а Португалија до титула на ЕП. Роналдо имаше и добра сезона на индивидуално ниво и затоа е најблиску до тронот. – изјави Нејмар.
Фудбалерот на Барселона посакува еден ден и тој да ја освои престижната награда која ја доделуваат „Франс фудбал“ и ФИФА за најдобриот играч во светот.
OhridNews