Повеќе од две и пол години поминаа од кога Михаел Шумахер доби тешки повреди на главата при пад на скијање во Франција. Германецот одредено време помина во вештачка кома, а се уште никој нема објавено конкретна информација за неговата здраствена ситуација. 


Портпаролот на семејството Шумахер, Сабине Кем периодично известува за состојбата на седумкратниот шампион во Формула 1.

– Михаел се наоѓа во многу лоша состојба. Тој секогаш ќе биде во нашите мисли и ние секогаш ќе се молиме за неговото здравје. Семејството и лекарската екипа бараат целосно заштитеност и ние тоа мора да го почитуваме. – со кратко соопштение излезе Кем по најновите обиди на новинарите да дознаат нешто.

Семејството на Шумахер за избегнување на медиумското внимание искористи лажен идентитет кога Михаел ја напушташе француската болница каде што беше примен по несреќата.

OhridNews