Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по извршени детални проверки, донесе резолуција дека нема место за јавнообвинителско постапување во предметот „Теретана“ кој беше оформен по поднесено известување поради сомненија дека услугите на фитнес-центар во Скопје се лидерот на опозциската партија ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги користерл спротивно на одлуките и прописите со кои беа определени мерки за спречување на ширењето на КОВИД-19.
Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредби за обезбедување на видео записите и за вештачење на ДВР-уредите на кои се сочувани видео записите од безбедносните камери во фитнес студиото. Во исто време, во својство на сведоци беа испитани повеќе лица. Предмет на анализа беше целокупниот материјал кој што беше обезбеден и доставен од страна на СВР Скопје, а беше одземен од деловниот субјект во критичниот период. Притоа, на прибавените снимки не биле збележани ниту посочените, ниту други лица да ги користат услугите на фитнес – центарот спротивно на донесените забрани. Од вештачењето на ДВР-уредите произлезе дека видео записите не биле манипулирани, односно беше потврден интегритетот на податоците на доставените уреди. – соопшти Јавното обвинителство.

Г.М.












