Општина Струга бара помош од Министерството за образование во решавањето на просторниот проблем во најголемиот средношколски центар во државата, кој според градските власти е претесен да ги прими сите запишани ученици. Државата треба да помогне во решавање на овој проблем затоа што сега со задолжителното средно образование ионака малите капацитети стануваат уште помали, велат од општината. Таа има намера да ја дисперзира наставата во некој од објектите во сопственост на државата во околината на средношколскиот центар, а како најдобра опција се споменува одморалиштето „Мајски цвет“.
Од Министерството за образование велат дека организацијата на школската мрежа е во надлежност на локалната самоуправа и дека тие ќе ја поддржат секоја нејзина иницијатива која е во согласност со законот.
На предлогот на градските власти негодуваат вработените во одморалиштето кои тврдат дека во 2006 година склучиле договор за закуп со државата во времетраење од 20 години, и дека немаат намера истиот да го раскинат. Сепак градските власти се оптимисти дека државата наскоро ќе го врати во владение споменатиот простор и дека истиот ќе и го отстапи на локалната самоуправа за образовни цели.
На 2482025 околу 22:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 51-годишно лице од Охрид Тој се сомничи дека од април оваа година во повеќе наврати на апликација на социј...
По повод големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица на 28082025 г (четврток) Општина Охрид организира бесплатен превоз до с Скребатно каде се одржува традиционалниот празничен собир Трг...
Испратена пораката за мир и промоција на здрави животни навики во рамки на денешниот меѓународен настан „Штафетно нуркање за мир“, односно пливање под вода-нуркање на здив во должина од 25 метри, к...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.