Најпријатнто изненадување од првиот дел од шампионатот, Охридскиот АМАК СП, без поголеми промени во составот продолжува во вториот дел.

Покрај “Коко“ Кофилд кој ќе остане во сино белите редови, нов име во ростерот е Мирослав Петровски, кој доаѓа од тимот на Свисслион Пелистер.

Единствениот играч кој го напушти АМАК СП е Бојан Јакимовски, кој потпиша за младиот тим на К.Соколи.

Големото обештетување кое го побара шампионот Струмица за  “проблематичниот“ Слободанчо Хаџивасилев беше единствената пречка за реализацијата на преминот во охридските сино- бели .

Тимот кој победува не се менува па со безмалку идентични состави продолжуваат водечките екипи во шампионатот Фени Индустри и Струмица.  

Во “Градски Парк” пристигнаа младинските репрезентативци Никола Караколев од  МЗТ Скопје и Марјан Јанески од Маврово.

За Свисслион Пелистер најавено е да се задржи Срѓан Станковиќ, а нови играчи се само Бојан Атанасоски и Игор Трајковски. Битолчани во вториот дел ке ги предводи Миодраг Перишиќ кој дојде на местото на  Александар Петровиќ.

Најактивен на пазарот беше МЗТ Скопје, екипа која доживеа најголеми драстични промени во играчкиот и тренерскиот дел, Марјан Лазовски го замени Александар Тодоров на клупата.

1. КОЛО (02.02)

К. Соколи 2000 – Фени Индустри

Струмица – МЗТ Скопје

Вардар Осиг. – Фершпед Р.

Свисслион П. – АМАК-СП