Екипата на Милан уште сега донесе одлука да го врати Марио Балотели во англискиот премиерлигаш Ливерпул по завршувањето на сезоната.
Тренерот на „росонерите“, Синиша Михајловиќ не е задоволен од учинокот и начинот на игра од Балотели кој е на позајмица.
Српскиот стручњак посебно обрати внимание на мечот со Џенова кој фудбалерите на Милан го добија со тесен резултат 2-1.
Тој после натпреварот изјави: – Требаше да се постигнеме трет погодок, а не да трепериме за победата. Тоа е само моја вина, која под хитно ќе ја исправам. Не се работи само за Балотели туку и уште неколку фудбалери кои не го заслужуваат дресот на Милан.
Црномурестиот фудбалер сезонава за тимот од Сан Сиро настапи само десет пати и само еднаш ја има затресено противничката мрежа.
OhridNews











