Шпанскиот чувар на мрежата Виктор Валдес неславно ја заврши својата авантура на Олд Трафорд откако менаџерот Луис ван Гал го „пречкрта“ од составот за сезоната која доаѓа.


Валдес минатата сезона ги прекршил строгите принципи и правила на холандскиот стручњак одбивајќи да брани за екипата до 21 година.

Најава за заминувањето на Шпанецот од Олд Трафорд беше изоставување од тимот за турнејата во Америка каде моментално Манчестер Јунајтед се наоѓа.

Поранешниот голман на Барселона по повредата на вкрстените лигаменти се опоравуваше во болницата од Јунајтед, а тоа премиерлигашот го искористи потпишувајќи договор сезона и пол.

Екипата на Валенсија води сериозни преговори за ангажман на Валдес, кој долго време беше избор број еден на Ноу Камп и втор голман по Икер Касилјас во селекцијата на Шпанија.

Ohridnews