Само две капалишта на струшкото крајбрежје имаат спасители на отворени води, интерес кај концесионерите речиси и да нема, информира секретарот на Струшкиот Црвен крст Адуриме Даути.

Интересот од концесионерите е минимален. Во моментот само две плажи имаат ангажирани спасители на отворени води, односно по едно лице на плажата Ливадиште и во аква паркот во хотелот „Изгрев“, појасни Даути.
До денеска, нагласи, концесионерите од другите плажи воопшто немале побарано. Додека минатата година на крајбрежјето во Струга биле ангажирани 10 спасители на отворени води.
Концесионерите да ги обезбедат плажите со спасители на вода. Тоа е добро за безбедноста на капачите, но и за туризмот воопшто, апелира Даути.
Потребата од спасители на вода, според неа, е неминовна, а тоа го покажуваат многубројните навремени реакции, кои допринеле да не дојде до несакани случаи.
OhridNews











