Трет натпревар во низа македонската фудбалска репрезентација не успева да ја затресе противничката мрежа. “А “ тимот настапи со испретурен и комбиниран состав кој не даде резултати, а прашањето колку од нив ќе ја искористат прикажаната шанса ќе биде јасно на стартот на квалификацискиот циклус за ЕП 2012 година.


Селекторот Јонуз вообичаено е задоволен од прикажаното. – Поразот не не’ разочарува. Добивме добра претстава за играчите кои
одлично функционираа како тим во сите линии. Имавме свои шанси не ги
искористивме. Многу сум задоволен од дебитантот Демири но и уште неколку
играчи покажаа квалитет и желба за докажување против квалитетниот
противник бидејќи Кина на овој натпревар играше во најсилниот состав со
кој располага во овој момент
– вели Јонуз.

 
Македонија на крајот од оваа година падна на 76 местото на ФИФА рејтинг листата, со што сме на дното од репрезентациите од нашето опркужување.

М.П.