Фудбалот како спорт одамна не е споредна работа во светот, бидејќи безмилосно се бара професионалност и одговорност од фудбалерите и стручниот штаб. Поради слаби резултати во последниов период отказ доби Едуардо Берицо во тимот на Севиља.

Раскинувањето на соработката со Берицо ќе беше иста како и со сите други тренери, но Аргентинскиот стручњак пред неполн месец успешно се оперираше од рак на простата. Севиља го исполни ветувањето и му го чуваше местото на Берицо, но неговото враќање после неколку седмици не донесе подобрување на веќе лошите резултати и двете страни ја прекинаа соработката.

– Севиља од срце сака да му се заблагодари на Берицо за неговата посветеност. Бордот на директори се одлучи за промена, а наследникот ќе биде обелоденет следната недела. – стои во соопштението од Севиља.

Клубот од Андолузија во Ла Лига се наоѓа на петтата позиција, додека во Лигата на Шампиони во 1/8 финалето силите ќе ги одмерат со Манчестер Јунајтед.

OhridNews