Меѓународниот теквондо турнир „Мали Зворник Опен 2017“ во Србија е следен предизвик за теквондистите од ХВА РАНГ ИТФ Лескоец – Охрид.
Охридските теквондисти се уште ги немаат сумирано впечатоците од успешниот настап во Љубљана, а веќе се подготвуваат за турнирот во Србија на кој ќе се натпреваруваат во две дисциплини борби и форми поединечно.
Предводникот на теквондистите Марјанчо Лазаревски очекува добар и квалитетен настап на своите избраници.
OhridNews