Нама потврда на веста за убиство на македонски студент во Грција што вчера, ја пренесоа медиумите во земјава. 
Ниту грчките ниту македонските институции официјално не излегоа со информација дека се случил таков инцидент, а сознанија дека имало немил настан немаат ниту дописниците на македонските медиуми во Грција.
Порталот „Курир“, повикувајќи се на информации објавени на социјалните мрежи од „Македонска нација“ синоќа пренесе информација дека извесен Александар Самарџиев кој завчера бил претепан од членови на Златна Зора во Солун, им подлегнал на повредите, како и дека членови на неговото семејство добиле смртни закани.
„Макфакс“ пренесува дека информацијата за убиството на Самарџиев, до сега ја потврди само претседателот на Светскиот македонски конгрес (СМК) Тодор Петров, кој изјави дека во телефонски разговор со братучедот на Александар Самарџиев дознал дека претепаниот Македонец во сабота околу 17 часот им подлегнал на повредите, а самиот Стилјан стравува за својот и животот на членовите од неговата фамилија.
По објавената информација за убиството на младиот Македонец во Солун ноќеска е забележано засилено полициско обезбедување во близина на грчката амбасада во Скопје. 
Веста предизвика изливи на револт на социјалните мрежи

OhridNews