
Сцената која ќе биде поставена на теренот во Билјанини ќе биде долга 20 и широка 16 метри, со вкупна зафатнина од 320 метри квадратни.
Организаторите на вчерашната пресконференција упатија апел до фановите за што е можно поредуцирана употреба на автомобили. Тие потенцираа дека засега единствен реален проблем е паркинг просторот околу “Билјанини Извори “.
И покрај тоа што хепенингот ќе се одржува во Охрид, никој од локалната не најде за згодно да отиде во Скопје да присуствува на прес конференцијата и од прва рака да не информира за големиот настан.












