На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез
од државата, информираат од АМСМ. Оваа информација сеоднесува само за
македонската страна на премините.
Инакум сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.