Нeма поместување во позициите на Македонија и Грција во спорот за името
25.03.10 19:04
Македонија и Грција остануваат на своите добро познати позиции во врска со спорот за името. Ниту денешната трета средба во последните пет месеци на премиерите на Македонија и на Грција, Никола Груевски и Јоргос Папандреу, што се одржа на маргините на ЕУ самитот во Брисел, не донесе суштински поместувања во ставовите околу повеќегодишниот спор.
– Сепак е добро што на вакви средби имаме можност да дискутираме за целото прашање и добро е што таквите дискусии можат да придонесат за поголемото разбирање, подобра атмосфера и кон евентуално подобрување на овие позиции. Исто така сметаме дека е корисно да се продолжи да се одржува македонско – грчкиот дијалог на сите нивоа, но очекувањата треба да бидат базирани врз основа на реалноста поврзана со спорот кој не е нов ниту едноставен и бара добра волја од двете страни за да може да се говори за некаков напредок, изјави по средбата македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски.
Во врска со предлогот „Северна Македонија“, што како евентуално прифатливо решение на спорот за името деновиве го изнесе алтернативниот грчки министер за надворешни работи, Друцас, македонскиот шеф на дипломатијата со став дека тоа е едностран предлог кој не оди во прилог на изнаоѓање решение за проблемот, кое, како што рече, треба да биде компромисно, односно прифатливо за двете страни.
Милошоски истакна дека Нимиц се уште не излегол со нов сет идеи за билатералниот спор, но има најава за нови разговори на ниво на преговарачи, кои ќе се одржат во април во Њујорк.
Привлекувањето на странски инвестиции не треба да биде размислување на една или друга Влада, туку да биде стратегија на државата која е долгорочна и не смее после било каков изборен циклус да се за...
Државата треба да има цел, но и луѓе професионалци кои можат да ја спроведат истата, луѓе со искуство во бизнис секторот, кои ќе ги знаат потребите на локалните бизниси и истите ќе ги презентираат ...
На 05052025 во 0015 часот во СВР Охрид е пријавено дека охриѓанец физички ја нападнал неговата ќерка, по што се вклучиле и други членови на семејството По целосно документирање на настанот, против ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.