Последната фаза од квалификациите за пласман во Лигата на Шампиони ќе понуди исто толку возбудувања како и мечевите од групната фаза според имињата на екипите учесници.


Квалификациите во ЛШ се поделени на две стази. Во едната стаза се сместени шампионите од земјите со помал коефициент додека во другата се екипите кои преку местата во првенството обезбедуваат пласман во квалификациите.

Во стазата на викана „лига“ се наоѓаат екипи од рангот на Манчестер Сити, Рома, Порто, Виљареал, Ајакс, Монако додека во стазата „шампиони“ се сместени Динамо Загреб, Селтик, Лудогорец и други.

Ждребката за последните бараж мечеви е в петок, а првите натпревари се играат на 16 и 17 август.

Стаза шампиони:

Прв шешир: Викторија Плзен, Салзбург, Селтик, АПОЕЛ, Легија Варшава.

Втор шешир: Динамо Загреб, Лудогорец, Копенхаген, Хапоел Бер Шева, Дандалк.

Стаза лига:

Прв шешир: Манчестер Сити, Порто, Виљареал, Ајакс, Борусија Менхенгладбах

Втор шешир: Рома, Стеауа, Монако, Јанг Бојс, Ростов.

OhridNews