Кампањата на „ЕВН Македонија“ и АД ЕЛЕМ стартуваше на 1 октомври. Граѓаните имаа можност да склучат спогодби со кои тужените долгови ќе може да ги платат на рати. Од денес тие што немаат потпишани спогодби ќе треба тужените долгови да ги платат во целост. Притоа, информираат од ЕВН, ќе им се пресмета камата за задоцнето плаќање.
Овие граѓани ќе ги исполнат и законски предвидените услови за исклучување, а дел од нив ќе треба да ја платат и работата на извршителите. Од „ЕВН Македонија“ велат дека интересот на потрошувачите се зголемил откако бил продолжен рокот за кампањата.












