Правата за емитување на англиската фудбалска сезона за 2010-2011 година регионално ги откупила компанијата “Спорт-клуб” со седиште во Белград, а која емитува сигнал и пренос на овие натпревари во поранешните југословенски простори . Како најголем проблем е преводот, бидејќи според Законот за службена употреба на македонскиот јазик , секоја програма на странски јазик мора да се емитува на територијата на Македонија исклучиво на македонски јазик.
Во случајов не смее да има коментирање на фудбалските натпревари од англиската лига на српски јазик.










