Oбврзниците на комуналната такса за користење на просторот пред деловните простории за вршење на дејност и обврзниците на комуналната такса за истакнување на реклами, објави и огласи на јавни мест, се должни согласно законските прописи, до општинската администрација да ја достават потребната документација за добивање одобрение за поставување урбана опрема на просторот пред деловните простории за вршење на дејност односно одобрение за истакнување на реклами, објави и огласи на јавни места, информираат од локалната самоуправа.

Доколку истите не пристапат кон исполнувањето на законските обврски во предвидениот рок, Општина Охрид ќе ги превземе сите потребни мерки согласно законските прописи, соопшти локалната самоуправа.

OhridNews