Англиската Премиер лига го носи епитот за највозбудлива во светот, а дуелот меѓу Вест Бромвич Албион и Евертон кој заврши 3-2 во корист на гостите го докажа тоа.


Домаќините со головите на Берахино и Доусон имаа водство од 2-0, но „карамелите“ со двата голови на Лукаку и едниот на Коне го свртија резултатот во своја полза.


Со петте погодоци двете екипи го комплетираа најефикасното коло во овогодинешниот шампионат на кој стрелците постигнаа 43 голови.

Мх.П.