Во последниот натпревар од неделната програма Реал Мадрид со 5-0 го совлада Атлетик Билбао и продолжи да ги меле противниците без разлика за кој се работи.
Очекувано три од петте погодоци постигна Кристијано Роналдо, два реализираше Карим Бензема, но целиот тим на „кралевите“ играше маестрално против баскиската гордост.
Со овие три погодоци португалскиот ас стигна до неверојатни 13 на седум натпревари, a „кралскиот“ клуб до 15-от бод сезонава
Мх.П.