Репрезентативец на Того, Френсис Коне на мечот меѓу неговиот тим Словачко и Бохемијанс му го спаси животот на противничкиот голман со брзата и навремената интервенција.


Мартин Берковец по сударот со својот соиграч на работ од казнетиот простор непокретен остана да лежи на теренот, Коне кој беше блиску до случката веднаш му го фати јазикот и го сврте настрана голманот кој лесно можеше да се случи да го загуби животот.


Честитки за ваквиот потег и навремената рекација Коне доби од сите на теренот, а после мечот веднаш се појави петиција тој да добие фер плеј награда, бидејќи интервенираше без разлика што на тревникот лежеше противнички играч.

OhridNews