Охридското Езеро не е можеби раскошно како тропските води, но има своја уникатна убавина која за жал е загрозена од односот на човекот, вели меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски.Тој вели дека секој што еднаш нуркал во Охрид, сака да се врати повторно и да ги види прекрасните извори во Св. Наум, огромните карпи, ретките видови флора и фауна, подводните археолошки локалитети… За подводните тајни на Охридското Езеро, загадувањето, за убавините и опасностите на нуркањето, со Милутин  Секулоски разговараме во најновото издание на емисијата „Охридски разговори“, што ексклузивно се емитува на OhridNews.