Црвена предупредувачка линија деновиве осамна на коловозот пред Универзитетот за информатички технологии (поранешниот Дом на АРМ) на улицата Партизанска, каде повеќе не е дозволено паркирање. Овој простор до неодамна беше слободна зона за паркирање, но често пати несовесни возачи ги блокираа влезовите на Универзитетот, а од паркираните возила се намалуваше и прегледноста на прометната крстосница.


Нема веќе паркирање кај поранешниот Дом на АРМ

OhridNews