Ослободителна пресуда  за бизнисменот и актуелен советник Нефи Усеини и неговиот брат Ибро донесе Основниот суд во Охрид за инцидентот со Спиро Топалоски, што се случи во познат хотел во Охрид.

Во образложението на одлуката на судијката Билјана Белевска Пројковска, се наведува дека неспорно е  оти браќата Усеини физички го нападнале Топаловски нанесувајќи му повреди, за што постојат лекарски извештаи и снимки од видео надзорот, но поради различните  искази на  нападнатиот, судот не утврдил дека тој е оштетен.

Тој пред судот категорично изјавил  дека не се чувствува оштетен и не сака кривично да ги гони напаѓачите.

Дополнително и сведоците на настанот кои пред судот кажале дека не виделе  ништо.

Советникот и бизнисмен Нефи Усеини во минатото бил инволвиран во слични инциденти, а последниот се случил деновиве околу општинската постапка поврзана со издавање урбана опрема.

OhridNews