Нема забрана или ограничено движење на територијата на НП Галичица, но строго е забрането палење на оган информираат од ЈУНП Галичица.
Пресуден фактор за појава на пожарите на отворен простор е човечкиот фактор. Голем дел од пожарите се намерно предизвикани но и од невнимание, вели Наумче Новески од ЈУНП Галичица.
Тргнувајќи од овој факт и фактот дека превентивата е најдобра заштита од појава на пожарите ги известуваме сите посетители на паркот дека нема забрана или ограничено движење низ паркот, но, заради зголемена опасност од појава на пожар во летниот период како и според Закон за шуми, забрането е палење на оган, фрлање на догорчиња и други причинители на пожари на отворен простор, потенцира Новески.
Установата, вели, го подигна степенот на контрола на реонот како и степенот на подготвеност да се реагира ако има потреба за тоа.
На целата територија на паркот строго е забрането палење на оган дури и на излетничките места предвидени за тоа како м.в Јадера, м.в Корита и други. Низ територија се воведува 24 часовна контрола и зголем број на присутни ренџери со теренски активности како и укажување на посетителите како да се однесуваат на отворен простор низ паркот, додва.
Со оглед дека паркот е наше национално природно богатство и треба сите заеднички да го заштитеме, Новески апелира поситетелите да не ги уништуваат природните вредности на паркот.
OhridNews













