Без жртви но со голема материјална штета мина земјотресот кој синоќа го потресе источниот дел на Албанија, соопшти албанскиот сеизмолошки институт.

Според  информациите што ги соопшти Европскиот центар за земјотреси, јачината на земјотресот изнесувала 5,4 степени според Рихтерова скала, а епицентарот е во Албанија 45 километри северо-источно од Елбасан кај селата Ѓурица и Шупенца на самата граница меѓу Македонија и Албанија.

Илјада куќи во две блиски села се разурнати, а албанските медиуми објавија дека луѓето во паника ги напуштиле своите домови и ноќта ја поминале надвор.

Исто така Земјотресот предизвикал помала материјална штета на голем број куќи, особено во стариот дел на Дебар, а дебарчани во паника ноќта ја минале под ведро небо.

Потресот е почувствуван и во Охрид, како и во повеќе градови во западна Македонија.

ohridnews