
Кендис Свонпул како вистински професионалец се појавила во костум со пастелни бои, а со својата грациозност на снимањето ја маѓепсала не само камерата, туку и целата екипа.
Неа потоа и се придружиле колешките Бехати Принсло и Дацен Крос, а режисерот Мајкл Беј можел само да се опушти додека трите врвни модели ја изведувале својата магија пред камерата. Беј, кој е и продуцент на неколку големи холивудски остварувања, моментално ја одложил работата на четвртото продолжение на филмот „Трансформерс“, како би го режирал спотот со ангелите.
Неговата добра соработка со гигантот „Victoria’s Secret“ е потврдена и од фактот што претходно веќе снимал слични спотови со Рози Хантингтон Вајтли и Адриана Лима.












