По двете тренерски промени на Џузепе Меаца дојдоа на ред фудбалерите, кои и покрај новите имиња на клупата не покажаа апсолутно ништо во првата третина од Серија А.


На списокот за заминување од Интер се наоѓаат Жофри Конгобија, Стеван Јоветиќ, Фелипе Мело, Родриго Паласио, Давиде Сантон и Џонатан Биабијани, а не се исклучува уште некој фудбалер да го дополни „црниот дефтер“.

„Нероазурите“, уште во групната фаза ги завршија мечевите во Лигата на Европа, а на табелата во Серија А заостануваат 15 бодови од лидерот Јувентус и 11 поени од градскиот ривал, Милан кој се наоѓа на делба од втората позиција.

Со парите собрани од шесте трансфери Интер планира да доведе еден до двајца фудбалери кои ќе подигнат квалитетот во екипата.

OhridNews