За македонскиот репрезентативец Горан Пандев немаше место во најдобрите единаесет од Серија А според реномираниот спортски сајт “Goal.com“.

Во тимот на Серија А по двајца фудбалери имаат Јувентус, Наполи, Фиорентина, Интер и Милан, а еден претставник има екипата на Лацио.

Тимот на полусезоната во Серија А : Хандановиќ, Ди Шчиглио, Ранокиа, Киелини, Родригез, Пирло, Хамшик, Борха Валеро, Кавани, Клосе и Ел Шарави.

“Goal.com“ се погрижи и за најлошите единаесет, кој одиграа далеку под очекувањата во првата етапа од “Калчо лигата“ – Абијати, Де Силвестри, Лусио, Армеро, Боатенг, Де Роси, Лулиќ, Пато, Матри и Меџорини.

Мх.П.