Македонско-грчката граница е затворена, а ситуацијата со ескалираше откако денеска се степаа бегалците од воените подрачја и мигрантите, на кои не им се дозволува влез во Македонија, јавува „Макфакс“.

 

Еден мигрант, за кого се претпоставува дека е од Мароко, загинал од струен удар при допир со високонапонски кабел додека се качувал на кров на воз, јави АФП.

Некои медиуми јавуваат Грција ги затвори границите со Македонија за сите без разлика од која земја доаѓаат. Утрово грчките специјални сили се распоредени на границата за да ги спречат немирите.

Македонските власти доведуваат дополнителни полициски сили на границата.

Од синќа на полноќ на полноќ, претставници на УНХЦР и неколку други невладини организации го напуштиле кампот поради безбедносни причини.

Економските мигранти на кои не им се дозволува да влезат во Македонија, им се закануваат на бегалците од воените подрачја.

Македонската полиција користи солзавец за да ги потисне демонстрантите, а мигрантите се снабдуваат со алат за сечење на жицата. Дел од оградата е веќе уништен.

OhridNews
извор:„Макфакс“