Дефанзивецот на Јувентус Леонардо Бонучи рекол дека и во иднина сака да го носи „црно-белиот“ дрес, но дека за неговата судбина ќе одлучува клубот.
Леонардо Бунучи, во летниот преоден рок, беше еден од најбараните дефанзивци во светот, особено интересот не го криеја Челзи и Манчестер Сити, но тој реши да остане во Јувентус и да го продолжи договорот до 2021 година.
За иднината на Буночи повторно започна да се шпекулира пред пред десетина дена кога тој имаше вербална расправија со тренерот Алегри, а некои медиуми пренесоа дека во соблакуваната по мечот со Палермо, играчите спречиле и физичка пресметка помеѓу дефанзивецот и тренерот.
Поради тоа Алегри го суспендира Бонучи и тој не беше во тимот на натпреварто од Лигата на шампионите во Порто.
Бонучи беше во ложата на „Драгао“ стадионот додека неговиот соиграчи беа на теренот поради што повоторно започнаа шпекулациите околу заинтересираните клубови.
„Сопственост сум на клубот и тие ќе решат дали ќеме продадат или не“, рекол 29-годишниот Бонучи, дополнувајќи дека односите со тренерот се повторно добри.
„Го решивме проблемот „лице в лице“ ја прифатив неговата одлука и поради тоа ќе платам вечера за целиот тим. Работите сега се многу подобри“, објаснил Бонучи.
Дефанзивецот пристигна во Јувентус во 2010 година од Бари. За клубот од Торино има одиграно 301 натпревар, а освоил пет титули и два Купа во Италија.
Во 2016 година беше прогласен за најдобар фудбалер во Серија А, а УЕФА го избра во идеалниот тим за 2016 година.
OhridNews