Несекојдневно , необично, спортски и опуштено. Вака изгледаше училиштето “Ванчо Николески” и спортскиот полигон во Лескоец. За првпат во регионов, а по повод крајот на учебната година,  беа организирани синдикални  спортски игри за сите наставници од училиштата во Лексоец, Косел, Куратица и Вапила.


Беше возбудливо ,беше распеано и разиграно, а особено  на кошаркарските натпревари на кои се пријавија 6 (шест) екипи и сите упорно  и  спортски со фер-плеј  се бореа за освојување на бројните и вредни награди за кои се погрижи синдикалниот лидер проф.Димче Донески, кој  освен за победниците – екипата на “СЕДЛО”-  обезбеди и награди за сите други (“Однесени од виорот”, “Огнени девојки”,”Годинама”, , “Скромни” па дури и за последните т.н.”тапа”- играчи (“Пиец”) со најнезавидни резултати.


Особено изненадување беше и наградата за најгрлат навивач, награда која ја освои наставничката  по математика Цвета Андреевска. Наградите , пак, беа многу и вредни : освен торта, пехар  и шампањско за победниците од екипата Седло*, имаше  вредни награди и за вторпласираните, за третопласирните и за другите екипи кои учествуваа на спортските синдикални игри. Вредно е да се споменат имињата  и на добротворните донатори кои ја покажаа својата благородна душа : “Дон-маркет”, “Себо”, “Еурокел”,”Нетто-маркет”(градски пазар), земјоделски аптеки “Агронова 91” и “Агролек”,”ЕЛЛЕ-Охрид”, “До 99 ден”, фирма “Игор” од Лескоец и други…


Најефикасниот стрелец (Крсте Чалоски), најпожртуваниот играч (Елеонора Георгиевска), како и најатрактивната натпреварувачка- библиотекарката (Маре Ристеска) добија по една саксија-цвеќе од градината на Јули и Тина од Косел. За сите учесници  и за сите присутни  беше отворено победничкото шампањско и беше пресечена и поделена  голема  и многу вкусна торта во вид на кошаркарска торта.


Ваквата спортско – рекреативна приказна бепе организирана и реализирана од синдикалниот лидер проф. Димче Донески  и училиштето “Ванчо Николески” .


-Фотографиите нека Ви го раскажат денот и  успешната приказна за тоа како треба да се дружиме како колектив и како можеме да си го направиме денот  убав. За наше заедничко добро . Ова се само први вакви синдикални игри.Следните ќе бидат со многу повеќе учесници  од многу повеќе училишта и, секако , со многу поголеми и пријатни изненадувања. Дотогаш посакуваме  летни дружења и незаборавни доживувања  – ни рекоа организаторите на игрите во Лескоец. !

OhridNews
 фото “Дим Дон“