Педесет и девет годишниот Јане Петков, од Сандански, Бугарија, познат и како човек амфибија, утре ќе се обиде да препллива околу 3 км во Охридското Езеро, целосно врзан во вреќа без никакви помагала.
Стартот на необичниот, пливачки подвиг на Петков, ќе биде од плажата Горица во 10 часот, а на целта на градското пристаниште се очекува да пристигне околу 13 часот.
Извршените анализи поокажале дека Петков е со длабока анемија, но сепак ќе се обиде во таква состојба да ја постигне целта. Заради можниот ризик, целиот настан ќе биде посебно следен од појачана медицинска екипа на Црвениот крст пропратена со спасители, брод и амбуланта и тим на спасители .
Настанот е во заедничка организација на општина Охрид, општинскиот Црвен крст и Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ – Охрид.
OhridNews