После прекинувањето на соработката со стручниот штаб кој го сочинуваа Маријан Ванда, Миљан Амановиќ и Гебхард Грич некогашниот број еден Новак Ѓоковиќ именува неочекуван привремен избор на тренерската позиција.
Како што пренесуваат медиумите Ѓоковиќ за шеф на стручниот штаб го назначил својот брат Марко Ѓоковиќ кој веќе се наоѓа во Мадрид.
Новак Ѓоковиќ на пресконференција пред почетокот на турнирот во Мадрид изјави дека нема да брза околу ангажманот на тренер, бидејќи треба да го најде вистинскиот за излегување од резултатска криза.
Покрај братот на Новак во стручниот штаб моментално се наоѓа и Шпанецот, Пепе Имаз кој со тенисерот ќе работи на психолошкиот аспект.
Ѓоковиќ првиот меч во Мадрид ќе го одигра со победникот од дуелот меѓу Робредо и Алмагро.
OhridNews