Екипата на Ливерпул со голот на Регнер Клаван во судиското продолжение го совлада Барнли (2-1) и со триумф ја започна Новата 2018 година. Творец на победата на „црвените“ беше Дејан Ловрен кој не е баш омилен кај навивачите на Ливерпул. Хрватот во судиското продолже прецизно биеше со глава, а Клаван на гол линијата само го потврди погодокот вреден победа. 

Претходно, водство за Ливерпул на „Турф Мур“ стадионот донесе Садио Мане во 61-та минута, а резултатот го изедначи Јохан Берг Гудмундсон во 88-та минута. Победникот на мечот се одлучи во судиското продолжени во режија на Ловрен и Клаван.

Со трите бодови Ливерпул се одлепи на шест поени од Арсенал и се изедначи со Манчестер Јунајтед кој има меч помалку и се наоѓа на третата позиција на табелата.

Резултати: Брајтон – Бурнмаут 2-2, Барнли – Ливерпул 1-2, Лестер – Хадерсфилд 3-0, Стоук – Њукасл 0-1, Евертон – Мен Ју 18:30ч.

OhridNews