Неопходна е поголема соработка помеѓу Охрид и Поградец во делот на заштита на Охридското Езеро, во насока на заедничко привлекување средства од Европските фондови како и градење на заедничка платформа за развој на туризмот. Ова било заклучено на работната средба помеѓу градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и градоначалникот на албанскиот град Поградец, Едуард Капри, која се одржа денеска во општина Охрид.
Наредниов период се очекува двајцата градоначалници да потпишат меморандум за соработка и формирање комитет со две комисии, по што се предвидува одржување на континуирани состаноци на менаџментот од двете локални самоуправи. На состаноците се очекува да се носат заеднички заклучоци за успешно градење на заедничка стратегија за развој на туризмот и заштита на природното наследство.
OhridNews