Потребно е да се зголеми безбедноста на објектите кои функционираат во рамки на охридската градинка со цел да се избегнат немилите настани и кражби кои се случуваа во изминатиот период, смета директорката на ЈОУДГ “Јасна Ристеска“, Марина Петроска Тодороска.

–    Потребно е постојано обезбедување на објектите, но тоа е неопоходно особено во вечерните часови, за време на деновите од викенд и празниците, тогаш најмногу и се случувале несакани настани.Сепак морам да напоменам дека во последниот период бројот на кражби е намален за разлика од изминатиите години кога постојано се случуваа кражби во објектите од градинката, вели Петроска- Тодороска.

Токму во ноќните часови, пред месец дена беше извршена кражба во објектот „Лихнида“ при што беше украден еден телевизор и ДВД.  

Од локалната самоуправа, од каде веќе подолг период се најавува ангажирање на служби кои ќе ги обезбедуваат училишните објекти и градинките, информираат дека постапката е започната, но засега не може да се прецизира кога ќе заврши процедурата за ангажирање на Агенции за обезбедување. 
 
Потребата од ангажирање на овие служби се потенцира и од страна на СВР- Охрид, од каде наведуваат дека со поставување на видео надзор во училиштата, како и присуството на агенциите за обезбедување, значително ќе се придонесе кон намалување на прекршоците .

Т. К.