Ждрепката за првиот мастерс турнир годинава, Индијан Велс не беше поволна за фаворитите, односно за Новак Ѓоковиќ, Рафа Надал и Рожер Федерер кои се најдоа на иста страна од натпреварувачкиот костур.


Надал и Федерер можат да се сретнат во третата рунда, додека противник на Ѓоковиќ кој ја брани титулата веднаш после првата рунда ако се биде во ред ќе му биде Хуан Мартин дел Потро.

На истата страна каде што се наоѓаат Ѓоковиќ, Надал и Федерер се тенисери кои никако не смеат да се потценат Нишикори, Вердаско, Киргијос и Ѕверев.

На другата натпреварувачка страна Енди Мареј ќе има нешто полесна задача за пласман во финалето. Ривали на водечкиот тенисер до патот во финалето можат да бидат Цонга, Бердих, Тим, Гофан и Вавринка.

Турнирот започнува среда после полноќ.

OhridNews