
Како што појасни Александра Славковска од министерството за труд и социјална политика, станува збор за првата информативна сесија, на која се врши презентација на јавниот повик.
– Идејата е да се поддржат проекти со кои се таргетираат најранливите категории граѓани на Македонија кои се исклучени од пазарот на труд. Такви се лицата со инвалидност, жртвите на семејно насилство, децата без родители и родителска грижа, самохраните родители, корисниците на социјална помош, припадниците на немнозинските заедници.Значи се работи за проекти со коишто ќе се подобрат нивните способности и вештини за да можат да се вклучат на пазарот на трудот, и воопшто, да се интегрираат во општеството, рече Славковска.
Грантовите се доделуваат во висина од 61 000 до 200 000 евра,а проектите би се реализирале во период до две години.
Информативната сесија се одржа во организација на локалната самоуправа, министерствата за финансии и за труд и социјална политика, како и од Делегација на Европската унија.












