Во понеделникот на 15-ти февруари 2016 година во 08.15 часот во Полициската станица во Струга 54-годишен жител на село Велешта, телефонски пријавил дека непознат сторител истиот ден околу 03.30 часот, од патничко возило во движење испукал неколку проектили од огнено оружје во правец на неговата куќа.
На местото на настанот подигнати се траги и доказен материјал предадени на вештачење.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
OhridNews