Водечката екипа во Ла лига, Барселона забележа неправедна победа (2-1) над Алавес на домашен терен во рамките од 21-та рунда од шпанскиот шампионат.

Каталонците до триумфот дојдоа со пресврт во второто полувреме, а творци беа Луис Суареаз и Лионел Меси. Гостите поведоа во првото полувреме со голот на Џон Гуедети.

Пако Алкасерес над кој беше направен фаулот за вториот гол на Барселона кој го постигна Меси од слободен удар беше во офсајд. Помошниот судија „заспа“, главниот досуди фаул, а Меси го искористи поклонот и погоди за конечна победа.

Во продолжението од мечот гостите уште еднаш беа оштетени, а овој пат за најстрога казна, откако Умтити недозволено играше со рака по ударот на противничкиот фудбалер.

Барселона без разлика на спорните судиски одлуки ја продолжи низата без пораз на 21 натпревар и сигурно чекори кон нова титула во најквалитетната лига во Шпанија.

OhridNews