Царинските службеници од граничниот премин Деве Баир привремено задржаа 25 сребрени прстени со вкупна тежина од околу 138 грама, 20 машки прстени и пет машки белегзии од не’рѓосувачки челик со вкупна тежина од околу 330 грама, и една дигитална вага за мерење на накит.

Непријавената стока била откриена при преглед и претрес на багажот на македонски државјанин, патник во автобус кој сообраќал на релација Истанбул-Струга.

OhridNews