Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо имаше солидна престава во поразот на Реал Мадрид од Барселона (2-1) во „Ел Класико“. Но, има и моменти кои ден после дербито се појавија што никако не одат во корист на португалскиот репрезентативец.
Роналдо ја затресе мрежата на Ноу Камп за 1-1, но немоќта во вториот дел ги примора „кралевите“ да ја покажат својата темна страна.
По една судиска одлука Португалецот гневот го искажа на најлош можен начин фаќајќи се за гениталиите и извикувајќи му на судијата „Ти се допаѓа ова ??“.
Ваквите испади не се дозволиви во аматерски фудбал, не пак за најдобриот фудбалер во светот, кој треба и мора да пример за сите.
Ohridnews