Неколку лица се пожалиле на здравствени проблеми кои ги почувствувале  капејќи се на плажата кај Канео. Неофицијално девојка се пожалила дека  почувствувала нешто по телото во вода по што почнала да тоне. За среќа брзо била извадена од вода и и’ била пружена помош.

Проблеми почувствувале и други лица, а на едно момче по излегување од вода му се слошило.

Случајот го потврдија лекари кои извршиле преглед на едно од лицата кои се пожалиле на проблем после капењето на плажа.

Кои се причините за проблемите кои ги почувствувале капачите, не се знае со точност. Очевидци кои биле на местото на настанот од мештаните слушнале дека постои некаков проблем со струја предизвикан од некаков апарат, најверојатно пумпа. Официјално тоа не е потврдено.

Жители на населбата ни изјавија дека попладнево околу 15 часот нешто се случило во водата и дека повеќе лица на различни локации на плажата почувствувале проблеми,  но не знаат што ги предизвикало. Тука изминатите денови се изведувале одредени работи на пумпите од населбата, но дали тоа има некаква врска со случувањата, официјално не е потврдено.

Од СВР Охрид велат дека до овој момент не добиле дојава за случајот, кој предизвикаа вознемиреност кај граѓаните.

OhridNews