Натпреварот меѓу Партизан и Унион Олимпија во јадранската АБА лига започна со нереди на трибините поради минутата молк за убиениот навивач Александар Станковиќ познат како Сале Мутави.


Дел од навивачите на Партизан упатиле свирежи по најавата на официјалниот спикер за минутата молк за починатиот навивач.

Останатиот дел од трибината каде што се сместени ултрас навивачите бурно реагирале и ги одмериле силите со навивачите кои упатија свирежи.


Иначе, на мечот во Белград специјален гостин беше Бастијан Швајнштајгер кој позираше со дрес од „црно белите“.

OhridNews