СВР Охрид информира за нерегуларности при гласање во Охрид и Струга.

Во 14,12 часот во СВР Охрид од претставник од избирачки одбор на избирачко место 1283/1 лоцирано на ул. М.Јорданоски во близина на спортска обложувалница е пријавено дека 35 годишно лице од Охрид, при гласање го сликал избирачкото ливче. Гласањето е прекинато од 14,12 до 14,25 часот. Лицето е приведено во СВР Охрид и ќе му биде поднесен соодветен поднесок.

Во Струга пак информираат од СВР Охрид дека гласач го искинал и фрлил гласачкото ливче.

Во СВР Охрид околу 14,10 часот од претседател на избирачкиот одбор било пријавено дека на избирачко место бр.1884 во с.Октиси, струшко 67 лице од с.Октиси го искинал и го фрлил гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

OhridNews