Фудбалерите на Интер прокнижија нови три бодови на табелата во Серија А победувајќи го тимот на Болоња со минимални 1-0.
Стрелец на победничкиот погодок беше капитенот Мауро Икарди во 67-та минута од натпревар, само три минути откако „интерестите“ остана без Филепе Мело кој заработи црвен картон.
Триумфот после четири мечеви ги лансираше фудбалерите на Интер на врвот во пресрет на останатите мечеви од десеттата рунда од калчолигата.
Мх.П.











